Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е здружение на професионалните новинари од Република Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
"...На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, “Трудбеник”, “Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.
После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев-Јасмин, одговорен уредник на “Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на “Танјуг” и др Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот “Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото “Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата “Нова Македонија”. Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа.
За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, др Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..".
(Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ(Сојуз на новинарите на Југославија 1945-1970)
Од поновата историја на ЗНМ:
-По осамостојувањето на Македонија Здружението долги години не успеа да се консолидира и да го заземе своето место во општеството. Дури во 2001 година на иницијатива на група ентузијасти помогнати од меѓународните организации и фондации ја покренаа иницијативата за ревитализација и повторно заживување на ЗНМ.
На Собранието одржано во април 2001 година е избрано новото раководство во состав:
Претседател: Иван Андреевски - МТВ
Генерален секретар:
Сашо Чолаковски - “Утрински Весник” (до 12.12.2002 година)
Роберт Поповски – “Канал 5” (од 12.12.2002 година)
Извршен одбор:
4. Снежана Лупевска – “А1 телевизија”
5. Ѓурѓина Василевска -”Вечер”
3. Горан Величковски - “Канал 5 телевизија”
4. Соња Крамарска - “Утрински весник”
5. Драган Ѓорговски - “МТВ”
6. Столе Наумов - “Канал 77” радио
1. Боби Силјановски – Радио Битола
(до 17.02.2004 година)
2. Маре Стоилова – Дописник на А1 телевизија од Штип
(до 17.02.2004 година)
3. Искра Новаковска “Телма телевизија” (од 15.01.2003 во МТВ)
(до 17.02.2004 година)
6. Гоце Пачемски – “Сител телевизија”
(до 08.01.2003 година)
7. Роберт Поповски – “Канал 5 телевизија”
(до 12.12.2002 година)
Совет на честа:
Претседател: Катерина Блажевска
Членови:
- Марко Илковски,
- Мирче Адамчевски
- Бошко Нацевски
- Авни Енгулу
- Гајур Шех
Надзорен одбор:
- Хисен Шаќири
- Љубомир Демирев
- Бранимир Јовановиќ
Прва покрупна работа со која се зафати Здружението на новинарите на Македонија, во соработка со МИМ, беше ревидирање на Кодексот на новинарите на Македонија. Идејата ја поддржаа и IREX – Promedia како и Меѓународната федерација на новинарите IFJ.
При ревидирање на Кодексот големо внимание беше посветено на транспарентноста на целата постапка. Преку јавен повик од страна на организаторите, сите новинари во Македонија имаа можност да се вклучат во неговото создавање. Нацрт-текстот на Кодексот, во согласност со меѓунардните искуства и стандарди, го подготви јавно избрана работна група од 13 новинари.
Текстот на Кодексот беше објавен во сите печатени медиуми во Македонија и беше прифатен на конференцијата што се одржа на 14 ноември 2001 година, на која сите заинтересирани новинари имаа можност да присуствуваат. Кодексот е прифатен од сите редакции во Македонија.












