Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) е основано во 1946 година. Член е на Меѓународната федерација на новинарите.
ЗНМ е независно, самостојно, невладино и непартиско здружение, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување.
Посебни цели и задачи на ЗНМ се:
-Ја брани слободата на печатот, радиото, телевизијата и на другите медиуми;
-Се бори против нивната злоупотреба, создавањето монополи и било какви форми на цензура на штета на вистинитото, целосното, непристрас-ното и навременото информирање на јавноста;
-Ги заштитува и унапредува слободите, правата и одговорноста на новинарите, врз основа на Уставот и законите на Република Македонија, Статутот и актите на ЗНМ, како и меѓународните документи што се однесуваат на слободата на јавните гласила, и остварувањето на изразувањето и информирањето како основни човекови права.
-Го заштитува угледот и достоинството на новинарот и новинарската професија и ја заштитува и поттикнува слободата на критичкиот и креативниот труд.
-Ги застапува членовите, ги претставува пред општествената заед-ница, активно учествува при подготовката на законските прописи и меѓу-народни конвенции од интерес на професијата и го брани професионал-ниот интерес согласно Кодексот на новинарите на Македонија.









