Совет на честа

Е-пошта Печати PDF

За Советот

Советот на честа е единственото саморегулативно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство набележани во Кодексот на новинарите на Македонија.

Улогата на Советот на честа не е да биде цензура или да наметне автоцензура.  Неговата улога е да ги поставува и брани принципите на етичното, точното, објективното новинарство кое ги почитува човековите права при што целосно се запазува слободата на уредувачката политика што и како ќе биде презентирано од страна на медиумот.

Доброто или етичното новинарство е во интерес на јавноста. Тоа нуди информации кои се точни, проверени, балансирани. Таквото новинарство е глас на јавноста. Таквото новинарство не е и не смее да  биде партизирано и мора да прави разлика меѓу фактите, коментарот и мислењето – со што практично ќе се разликува од пропагандното новинарство, платеничкото новинарство или од таблоидите – кои задоволуваат некакви други цели или интереси и кои не го почитуваат Кодексот.

Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на Кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни туку и како одговорни. Во исто време, почитувањето на Кодексот го штити и самиот новинар – бидејќи му дава право да не прифати нешто што не е во согласност со професионалните стандарди и воедно го иззема од судот на другите оставајќи го на судот на колегите.

Кодекс

Правилник за работа на Советот на честа

Членови и контакт


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Бранко Ѓорѓески (Дневник)

Насер Селмани (Вест)

Стојан Трпчевски (Канал 5 ТВ)

Ердем Амет (МРТВ)

 

 

 

Посетители

Моментално има 4 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 


Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ