Реакција од кабинетот на Претседателот Иванов за соопштението на ЗНМ

Е-пошта Печати PDF

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во врска со денешното соопштение на Здружението на новинари на Република Македонија, сака да ја даде следната реакција за јавноста -

 Во својата изјава во Струга Претседателот Иванов не даде квалификации за медиумите кои му се припишуваат. Како поранешен новинар, Претседателот смета дека е потребна коректност во пренесувањето на јавните изјави.

Претседателот Иванов сака да потенцира дека не прозива и не обвинува новинари и високо го цени придонесот на медиумите во отворената и слободна дебата која веќе долго време се води во Македонија по ова прашање.

Притоа, Претседателот во целост стои зад изјавата која ја даде. Постојат голем број на јасни сознанија дека дел од аргументите на Република Грција, во спорот кој Македонија го покрена поради кршење на Времената Спогодба пред Меѓународниот Суд на правдата во Хаг, се засновани врз новинарски текстови. И македонски и грчки медиуми, во минатото информирале дека Грција, во своја одбрана, ќе користи и вакви извори на информации. Изјавата на Претседателот Иванов тука не носи нешто ново и спектакуларно. Процесот во Хаг Македонија го води транспарентно, аргументите на двете страни ќе бидат познати и ќе се проучуваат во иднина. Поаѓајќи од сериозноста на македонските аргументи, Претседателот Иванов останува оптимист во крајниот исход на овој процес
 

Посетители

Моментално има 3 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 

Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ