Реакција на МРТВ

Е-пошта Печати PDF

Советот на честа регира на сè подраматичните прекршувања на принципите на професионалното новинарство, како и на стандардите на работењето на Јавниот  радиодифузер со претворањето на Македонската радиотелевизија во алатка за пресметка со одредени личности.

МРТВ никогаш како досега не била сведена на тоа ниво да спроведе брутална хајка и отворен линч против одреден човек, во овој случај против Љубе Бошковски.

Советот на честа смета дека со кајронот „Најнови видео записи од предавството на Љубе на you tube!!!“ што во текот на 06.12.2009 година одеше за време на другите ТВ содржини како и со содржината на своевидното „ТВ искажување“ како вовед во емисијата „Отворено со народот“ која во повеќе наврати се емитува и реемитува на Првиот и Третиот (собраниски) канал на МРТВ во кое директно се обвинува Бошкоски за предавство – МРТВ ги прекрши сите норми на објективното и независно информирање и дефинитивно изврши професионална капитулација.

Прогласување на „предавници“ со жестока пропагандистичка реторика не само што не е професионално, туку е и исклучително опасно бидејќи се создава атмосфера која поттикнува на насилство, атмосфера во која некому му се загрозува безбедноста со објавување на еднострани обвинувања, сведоштва и „пресуди“ - без при тоа да се чујат и неговите аргументи.

Фактот дека овие содржини се реемитуваат укажува дека станува збор за намера да се постигне токму таков ефект.

Советот на честа потсетува дека МРТ е должна при создавањето и емитувањето на програмите да ги почитува професионалните принципи и на различните интереси во општеството да им обезбеди рамноправен пристап, да се залага за слободата и плурализмот на изразување на јавното мислење, како и да спречи каков било облик на нетолеранција.

Во таа смисла Советот на честа апелира до надлежните институции како што е Советот за радиодифузија да преземат чекори да се спречи натамошното непрофесионално и агресивно „новинарство“ на Јавниот радиодифузен сервис кој е должен да создава и емитува програми од јавен, а не од партиски или каков било друг интерес.

 

 

Скопје, 07.12.2009 година
 

Посетители

Моментално има 7 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 

Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ