Одговор на претставка на К. Стојанова од весникот Шпиц

Е-пошта Печати PDF

 

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија ја разгледа претставката „за неосновано уривање на угледот и за искажување невистини за нејзиното поведение “на новинарката на Шпиц Kатарина Стојанова од страна  на новинарката Нада Маричиќ од Македонско Радио- Радио на 17 јули 2009 година по прес-конференцијата на министерот за образование Никола Тодоров во НУБ Св. Климент Охридски

Советот на честа на ЗНМ констатира дека лошите услови во кои работат македонските новинари се причина за многу недоразбирања меѓу колегите. Советот ги повикува двете колешки ваквите недоразбирања да ги решават на цивилизиран начин без навреди и понижувања почитувајќи го достоинството на секој новинар и на професијата воопшто.

Советот потсетува дека новинарите се обврзани да ја почитуваат културата на говорот и етиката, но и да потикнат взаемна солидарност и колегијалност .

Советот го реафирмира неотуѓивото право на секој колега на пристап до сите извори на информации придржувајќи се на општо прифатените општествени стандарди на пристојност.

 

Посетители

Моментално има 4 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 

Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ