Претседателот Иванов, одбра да се вклучи во групата која ги дели новинарите на предавници и патриоти

Е-пошта Печати PDF

И претседателот на државата Иванов, одбра да се вклучи во групата која ги дели новинарите на предавници и патриоти.

,,Кога сте во спор секој настојува својата страна да ја покрие со аргументи. Така и Грција ќе излезе со многу аргументи. Како што слушам многу ќе бидат со изјави на наши новинари што даваат изјави што ширеле шпекулации и што давале погрешни информации кои грчката страна ги користи во нивна корист...“ вели меѓу другото Претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Здружението на новинарите на Македонија бара итен одговор од Претседателот на Македонија каде и како има „слушнато“ дека Грција ќе се брани со изјави на македонските новинари.

Инсистираме да не се даваат паушани изјави за македонските новинари, а посебно од официјални лица, па дури од страна на највисоки авторитети. Ова само придонесува кон забуна и недоверба воопшто меѓу граѓаните во Македонија, како за состојбите во државата, така и за состојбата во новинарството. Сметаме дека ова е обид за дисциплинирање на македонското новинарство. Новинарите не работат во ничија полза, туку врз основа на сознанија и факти и имаат право да ги коментираат политичките процеси.

Здружението на новинарите на Македонија е разочарано што ваквиот удар на претседателот врз новинарите доаѓа по кратко време откако на новогодишното дружење со нив изјави дека ќе му биде приоритет во 2010 година да ги подобри состојбите во сферата на слободата во Македонија, бидејќи тој беше незадоволен од годишниот извештај на Фридом Хаус.

Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите новинари и медиуми да заземат став и најостро да ја осудат ваквата изјава на Претседателот и да ја дефинираат уредувачката политика кога се во прашање ваквите крајно несериозни и не државнички испади на носители на јавни функции.

Последно освежено ( Среда, 20 Јануари 2010 14:59 )  
Соопштение 04.08.2010
04/08/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија го дели и го разбира револтот на колегите новинари и сниматели од Охрид, кои денеска го дигнаа својот глас против хаосот во македонскиот медиумски простор и несредените односи кои подолго време се присутни во македонското новинарство, а кои доведоа до масовни отпуштања на новинари и сн [ ... ]


Реакција на ЗНМ за отпуштањето на новинарите
28/07/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на групните отпуштања од работа во македонските медиуми. Во рок од две недели во два влијателни медиуми во новинската агенција „Макфакс“ и во телевизијата „Канал 5“ работата ја изгубија десетина новинари. ЗНМ согласно својот статут и кодекс не сака да навлегува во пр [ ... ]


Соопштение 29.06.2010
29/06/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува вчерашниот напад на снимателот на ТВ Ера. Посебно загрижува фактот дека колегата снимател е нападнат додека ја вршел својата професионална задача и тоа од страна на припадник на обезбедувањето на Премиерот на Република Македонија. Покрај сериозниот физички напад с [ ... ]


Информација за новинарски награди
16/06/2010 | Administrator

На линковите подолу можете да прочитате повеќе за две награди од областа на новинарството и за една стипенија за новинари:http://www.rorypecktrust.org/page/3180/Awards%202010%20-%20Call%20for%20Entrieswww.nataliprize2010.euwww.ejf.fu-berlin.de


Посетители

Моментално има 1 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 


Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ