ТРКАЛЕЗНА МАСА: Медиумите и судовите

Е-пошта Печати PDF

Здружението на новинарите на Македонија, во соработка со ОБСЕ и Здружението на судиите на Република Македонија организираше дебати во Скопје, за скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион која се оддржа на 03.12.2009 година и во Битола за битолскиот, струмичкиот, штипскиот и охридскиот регион, која се оддржа на 05.12.2009 година.

Судиите и новинарите на овие две дебати се обидоа да дадат одговори на повеќе дилеми, како на пример дали можат судството и медиумите да најдат заеднички јазик и наместо судиите и новинарите да бидат непријатели да станат партнери во потрагата по вистината, но и во потребата за обезбедување професионално и објективно известување за судските процеси. Како да се надминат бариерите во меѓусебната комуникација, што често е обременета од нетранспарентност, страв и политички влијанија?

И двете страни се согласија дека има потреба од поголема отвореност на судството, подобар проток на информации, но и на попрофесионален однос на носителите на двете професии. Новинарите им забележаа на судиите дека се затворени, се кријат зад крутите законски норми, дури и оти се одмазнички настроени во судските процеси каде што тие се јавуваат како тужена страна.

Аргументите на судиите, пак, беа дека не може да излегуваат од она што го предвидел законодавецот. Потсетуваа дека треба да се имаат предвид специфичноста и сензибилноста на она што го работат, а се пожалија и на некоректниот однос на одредени новинари, кои од најразлични интереси знаат да ги извртат фактите. Новинарите укажаа и на затвореноста на повисоките судови, особено на Врховниот суд, кој иако е највисока судска власт, сепак, целосно е затворен. Негативни критики доби и Здружението на судии, чиј претседател, иако уредно поканет, не се појави на средбата.

Дел од судиите присутни на дебатата не се согласија со оцените дека „новинарите се сатанизирани и кон нив се постапува инквизорски и одмазднички кога ќе се јават во улога на тужена страна“.

Судиите и новинарите се согласија дека е потребно и натаму да се работи на подобрување на комуникацијата, која е во интерес на двете професии.

Од овие дебати треба да произлезе и прирачник кој ќе придонесе во поквалитетното информирање на новинарите од судниците.

Последно освежено ( Четврток, 10 Декември 2009 11:15 )  
Соопштение 04.08.2010
04/08/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија го дели и го разбира револтот на колегите новинари и сниматели од Охрид, кои денеска го дигнаа својот глас против хаосот во македонскиот медиумски простор и несредените односи кои подолго време се присутни во македонското новинарство, а кои доведоа до масовни отпуштања на новинари и сн [ ... ]


Реакција на ЗНМ за отпуштањето на новинарите
28/07/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на групните отпуштања од работа во македонските медиуми. Во рок од две недели во два влијателни медиуми во новинската агенција „Макфакс“ и во телевизијата „Канал 5“ работата ја изгубија десетина новинари. ЗНМ согласно својот статут и кодекс не сака да навлегува во пр [ ... ]


Соопштение 29.06.2010
29/06/2010 | Administrator

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува вчерашниот напад на снимателот на ТВ Ера. Посебно загрижува фактот дека колегата снимател е нападнат додека ја вршел својата професионална задача и тоа од страна на припадник на обезбедувањето на Премиерот на Република Македонија. Покрај сериозниот физички напад с [ ... ]


Информација за новинарски награди
16/06/2010 | Administrator

На линковите подолу можете да прочитате повеќе за две награди од областа на новинарството и за една стипенија за новинари:http://www.rorypecktrust.org/page/3180/Awards%202010%20-%20Call%20for%20Entrieswww.nataliprize2010.euwww.ejf.fu-berlin.de


Посетители

Моментално има 4 посетители на нашата веб-страница

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата веб-страница?
 


Прирачник за покривање избори

Пријава за зачленување во ЗНМ

Пријатели на ЗНМ

Нацрт статут на ЗНМ