Активностите на кои се фокусира ЗНМ во 2011 година се поделени во три главни групи.

Првата група се активностите насочени кон тековните проблеми со кои се соочуваат новинарите во Македонија како што се судските процеси за клевета и навреда во кои се инволвирани членови на ЗНМ и слободата на изразувањето, воопшто, како сериозен проблем со кој се соочуваат новинарите денес.

Втората група на активности се однесуваат на формирање на тело за саморегулација на медиумскиот простор во Македонија.

Третата група е за градење и надградба на капацитетите на ЗНМ, но и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, преку соодветна обука на инволвираните лица со вклучување на експерти во работата на ЗНМ/ССНМ.

Проектите на ЗНМ во 2011 година тековно се поддржани од Norwegian Peoples’ Aid, Амбасада на САД во Скопје, Кралската амбасада на Норвешка во Скопје, како и од Меѓународната федерација на новинари.

Македонски