Објавено во

Здружението на новинари на Македонија подготви три промотивни видеа за Кодексот на новинарите на Македонија. Видеата се наменети за промовирање на принципите на Кодексот на новинарите во фелата но и јавноста. Подготовката на овој промотивен материјал е поддржан од УНЕСКО и е во рамките на „Проектот за меѓуетнички дијалог во медиумската заедница“ имплементиран од ЗНМ во текот на јануари – јули 2012 година.
 
Трите видеа претставуваат една заедничка целина со која се потенцираат сите членови во Етичкиот кодекс а фокусот се става особено на оние кои се суштински за слободата на изразувањето на новинарите. Со овие видеа ЗНМ прави напор да се промовираат професионалните стандарди.
 
Овие видеа се подготвени со техничка поддршка на УНЕСКО во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели (МДГ-Ф). Мислењата и ставовите изразени во овие видеа се мислења на авторите и нужно не ги одразуваат официјалните позиции на Обедине-тите нации, УНЕСКО или МДГ-Ф.
 
Видеата се достапни на следните линкови:
 
Видео 1 
Видео 2
Видео 3