Условите за бесплатната правна помош на новинарите кои се активни членови на Здружението на новинарите се следните:
 
- Новинарот да не биде тужен од друг новинар,
 
- Текстот или прилогот да не содржи говор на омраза и
 
- Новинарот да прифати да биде застапуван само од адвокатот кој ќе го добие преку програмата за правна помош.
 
Програмата за правна помош се обврзува да го застапува новинарот до завршување на судскиот спор во сите фази вклучително и затапување пред Судот за човекови права во Стразбур.
Освен за клевета и навреда, правната помош стои на располагање и за други дела за кои новинарот е тужен доколку се поврзани со објавување на текст или прилог или пак се резултат на истражувачка новинарска работа.
 
Правната помош стои на располагање и во случај на физички напад или психичка тортура на новинар од страна на трето лице вклучително и сопствениците на медиумите доколку тоа е поврзано со извршување на неговата работа.
 
Правната опфаќа и советодавна помош околу правата на новинарите особено при пристап до информации (полициски, судски извештаи), при ракување со информации од чувствителна природа (злоставување на деца, домашно насилство, заштита на идентитет на сведоци), како и при третирање на теми од општествена важност (избори, референдум, протести). Како пример за последните парламентарни избори во Македонија новинарите имаа можност на 24 часовен пристап до двајцата адвокати ангажирани од ЗНМ, во соработката со нивните партнери, доколку имаат проблем при следењето на изборниот процес на денот на изборите. Во таа насока беа организирани и трибини во Скопје и во регионалните центри на ЗНМ за запознавање на новинарите со правата кои ги имаат при следење на избори.
 
Правната помош е достапна во рок од 24 часа после првичниот контакт.
 
Специфичните услови и проценките за успехот на правната помош ќе ги добиете од адвокатот во рок од 5 дена. После тоа останува на барателот на правната помош сам да одлучи дали ќе ја прифати или не.
 
ЗНМ има остварено соработка и со Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија. Во прилог можете да ја најдете и публикацијата која претставува збирка на меѓународни документи поделени во два тома во кои се содржани Мислењата на Советодавниот Совет на Европски Судии (ССЕС) при Советот на Европа, како и вкупно 67 селектирани референтни меѓународни документи кои ја гарантираат независноста и ефикасноста на судството, значаен дел од документите содржани во вториот том на публикацијата е посветен на односот помеѓу судството и медиумите, заедно со одбрана пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, сите преведени на македонски јазик.

 
Бесплатна правна помош за новинарите во РМ во случај на тужби за клевета и навреда ја обезбедува Здружение на новинарите на Македонија во соработка со Центарот за развој на Медиуми под покровителство на партнерот „Media Legal Defense Initiative“.
 
Преведени пресуди на Европскиот суд за човекови права се достапни на овој линк.
 

Македонски
Фајл: