Објавено во

 Согласно Статутот на ЗНМ се распишува конкурс за доделување на две годишни награди за новинари кои имаат особено постигнување во својата работа во изминатата година. ЗНМ го објавува конкурсот за награда „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите. Здружението ги поканува сите професионални  новинари да ги достават своите пријави.

Кандидатите за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите преку своите стории потребно е да претстават автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор во која се обработува тема која има пошироко општествено значење.

Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство потребно е до ЗНМ да се достави еден примерок во изворниот формат на новинарскиот производ и две копии на истиот.

За наградата за животно дело, по предлог на тројца колеги, потребно е да се достави пријава со лични податоци за кандидатот и краток текст во кој се сумирани достигнувањата на кандидатот. Апликациите и пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 10 февруари 2012 година.

Апликациите можат да бидат доставени: - По пошта адресирани на Здружение на новинарите на Македонија, Градски Sид блок 13, 1000 Скопје, Р.М.; - Линкови од он-лајн изданијата на новинарските производи можат да бидат доставени по електронска пошта на: contact@znm.org.mk или - Лично да се достават во канцеларијата на ЗНМ Пријавата/апликацијата потребно е да се наведе: „За НАГРАДА“.

Наградените ќе добијат плакета и парична награда од 30.000 денари. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата за доделување на наградите на ЗНМ.

Лице за контакт за информации околу аплицирањето за наградите: Елизабета Столева - 02/ 3 116 447 или на електронска адреса: contact@znm.org.mk