Објавено во

 

Здружението на новинарите на Македонија во врска со дебата која се водеше во Собрание за потребата за декриминализација на клеветата и навредата на 11 јануари издаде соопштени во кое ја поздравува дебатата и се надева дека таа ќе биде поттик во дијалогот со Владата да се изнајде конечно решение за тоа прашање.

Во тој контекст ЗНМ најавува дека на 13 јануари во Министерството за правда ќе се состане работната група задолжена за измени и дополнување на Кривичниот законик, на која ќе се бара конкретно решение за декриминализацијата. Претставници на ЗНМ ќе учествуваат на овој состанок и ќе ја образложат потребата овие кривични дела да бидат декриминализирани и да се регулираат со посебен граѓански закон.

Ставот на ЗНМ и на Владата е дека решението за декриминализацијата на клеветата и навредата треба да се затвори најдоцна до март, согласно усвоениот Акциски план. 

Слободата на медиумите е клучен предуслов за евроатлантската интеграција на Македонија. За декриминализација на клеветата се инсистира и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2011 година, а ист став има и Високиот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ. 

Поради важноста на ова прашање ЗНМ се надева дека Министерството за правда многу брзо ќе излезе со конкретен предлог за декриминализација на клеветата и навредата, за кој ќе се постигне надпартиски консензус во Собрание.

Attachment: