|
Врз основа на членовите 5, 12, 20 и 76
од Законот за Здруженија на граѓани и фондации
(Сл.весник на РМ број 31 од 02.07.1998 година) и член 21
од Статутот на Здружението на новинарите на Македонија,
Собранието на Здружението на новинарите на Македонија,
на седницата одржана на 11.06.2003 година, донесе
С Т А Т У Т
на
Здружението на новинарите на Македонија
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Здружението на новинарите на Македонија е здружение на
граѓани, формирано со слободно здружување на
професионалните новинари во Република Македонија, заради
остварување на своите професионални интереси во
заштитата на слободата на јавното информирање на
слободата на новинарската професија, за јакнење на
професионалната самостојност и етика.
Член 2
Здружението на новинарите на Македонија е
независно, самостојно, невладино и непартиско здружение
на доброволно здружени новинари, што дејствува на
територијата на Република Македонија.
Член 3
Здружението на новинарите на Македонија
своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во
согласност со односите уредени со Уставот на Република
Македонија, законите и Статутот.
Член 4
Називот на Здружението е: Здружение на
новинарите на Македонија. Скратениот назив е ЗНМ.
Седиштето на ЗНМ е во Скопје, на адреса: Градски ѕид,
Блок 13.
Називот на англиски гласи:
Association of journalists of Macedonia.
Член 5
Здружението на новинарите на Македонија е
правно лице.
Здружението на новинарите на Македонија има свој печат и
штембил.
Печатот е тркалезен и во него е втиснат текстот:
Здружение на новинарите на Македонија-Скопје. Во средина
е втиснат амблемот на ЗНМ.
Штембилот на ЗНМ е правоаголен, со текст за името и
амблемот на ЗНМ.
ЗНМ има свој амблем.
ЗНМ води Регистар на своите членови
Член 6
Здружението на новинарите на Македонија
го претставува и застапува неговиот претседател.
Член 7
Работата на Здружението на новинарите е
јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно
известување на членовите на ЗНМ за сите облици на
работење, со увид на спроведувањето на програмските
задачи, со поднесување извештаи за работа на органите и
телата на ЗНМ и за материјалното и финансиското
работење.
Јавноста во работењето се обезбедува и остварува со
јавно информирање, како и со доставување на пишани
материјали, низ средби и состаноци преку постојните
органи и тела на ЗНМ. За своите активности ЗНМ ќе
информира и преку њеб сите.
II
.ЦЕЛИ
Член 8
Новинарите се здружуваат во Здружението
на новинарите на Македонија заради:
-Унапредување на уставно загарантираното право на
јавноста да биде информирана за случувањата во
општеството и правата на секој граѓанин на јавно
изразување на мислата и слободен пристап кон
информациите и кон сите јавни гласила.
Посебни цели и задачи на ЗНМ се:
-Ја брани слободата на печатот, радиото, телевизијата и
на другите медиуми;
-Се бори против нивната злоупотреба, создавањето
монополи и било какви форми на цензура на штета на
вистинитото, целосното, непристрас-ното и навременото
информирање на јавноста;
-Ги заштитува и унапредува слободите, правата и
одговорноста на новинарите, врз основа на Уставот и
законите на Република Македонија, Статутот и актите на
ЗНМ, како и меѓународните документи што се однесуваат на
слободата на јавните гласила, и остварувањето на
изразува-њето и информирањето како основни човекови
права.
-Го заштитува угледот и достоинството на новинарот и
новинарска-та професија и ја заштитува и поттикнува
слободата на критичкиот и креативниот труд.
-Ги застапува членовите, ги претставува пред
општествената заед-ница, активно учествува при
подготовката на законските прописи и меѓу-народни
конвенции од интерес на професијата и го брани
професионал-ниот интерес согласно Кодексот на новинарите
на Македонија.
Член 9
За заштита на слободата, правата и
интересите на новинарите, Здружението на новинарите на
Македонија повикува и организира:
1.Јавен протест.
2.Информирање на меѓународните организации, ИФЈ,
Хелсиншкиот комитет, Советот на Европа и други
меѓународни организации, институ-ции и медиуми.
3.Информативен бојкот.
4.Информативен молк на гласилата на Република
Македонија.
5.Општ штрајк.
Здружението на новинарите на Македонија се обраќа и бара
зашти-та од народниот правобранител на Република
Македонија, синдикатите и другите невладини организациии
што се занимаваат со заштита на чове-ковите права и
слободи.
Постапката за преземање на мерките под 1, 2, 3, се
регулира со посебен акт на Извршниот одбор, а за точките
4 и 5 одлучува Собранието на ЗНМ.
Член 10
Целите на ЗНМ се остваруваат со:
-Соработка со синдикатите што ги опфаќаат новинарите во
Репуб-лика Македонија.
-Соработка со други владини и невладини, образовни,
стручни и научни институции за развој на информирањето
во земјата и странство.
-Соработка и членување во меѓународните новинарски
асоцијации и новинарски синдикати, како и со новинарски
асоцијации на одделни земји.
-Организирано давање правна помош за заштита на
професионал-ната и материјалната положба и достоинство
на новинарот, неговата не-зависност и правото на
индивидуално изразување, како и независноста на
уредниците во уредувањето на гласилата и емисиите.
-Обезбедување фондови за социјална и материјална помош
на нови-нарите кои ќе можат да се користат со акт на
Извршниот одбор на ЗНМ.
-Развивање на соработката и на професионалната и
колегијална солидарност меѓу новинарите и медиумите.
-Организирање на стручни и научни собири и поттикнување
на стручната и професионална едукација.
Во остварувањето на своите цели, ЗНМ ќе се залага за
професи-оналните и за материјалните интереси на
новинарите да се заштитат со актите и договорите во
редакциите и со работодавачите, а на национално ниво со
колективен договор со Владата и со работодавачите.
 Следна страна  |