
|
|
ЗДРУЖЕНИЕ НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
АРХИВА
|
ТРИБИНА
|
|
Здружението на новинарите на Македонија, во рамките на програмата “Страници за меѓусебно разбирање”, организираше трибина на тема: “Различностите во новинарското известување во врска со претседателските избори”
Воведничари на трибината беа Сашо Ордановски, од “Форум” и Даут Даути, од дневниот весник “Флака”, а модератор Роберт Поповски, од ЗНМ.
  Повеќе
|
|
ПЕТ МИНУТИ ГРОМОГЛАСНА ТИШИНА
|
|
СООПШТЕНИЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 3 МАЈ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ
Секоја година, на ТРЕТИ МАЈ се одбележуваат основните принципи на слободата на печатот, се оценува слободата на печатот низ целиот свет, се бранат медиумите од нападите врз нивната независност, се оддава почит на новинарите кои ги изгубиле своите животи вршејќи ја својата работа.
  Повеќе
|
|
Порака од Генералниот директор на УНЕСКО
|
|
Порака од Генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура, по повод Светскиот ден за слобода на печатот – 3 мај
Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на печатот, го фокусираме вниманието на круцијалната улога што ја играат независните и плуралистичките медиуми во демократските процеси.
  Повеќе
|
|
СООПШТЕНИЕ до СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ
|
|
Здружението на новинарите на Македонија сериозно ги опоменува актерите во играта на осудување на новинарите. Повеќе од евидентно е дека во Македонија новинарите се на “отстрел”. Хајката продолжува и се интензивира. ЗНМ нема да застане на пишување на соопштенија, кога веќе е очигледно дека оваа форма не вродува со плод и дека секојдневно се множат случаите кога на седмата сила & се одзема моќта по судски пат. Со последниот случај со новинарот Менде Петковски, судството докажа дека ја има моќта во свои раце.
  Повеќе
|
|
ПЕТ ПЛУС МИНУТИ ГРОМОГЛАСНА ТИШИНА 2003
|
Годинава мотото на акцијата по повод Светскиот ден за слобода на медиумите, која во Македонија ја спроведе Здружението на новинарите на Македонија, беше под наслов “ПЕТ + МИНУТИ ГРОМОГЛАСНА ТИШИНА”! Здружението на новинарите на Македонија ги повика сите свои члено-ви и сите новинари и медиумски работници во Македонија на Светскиот ден на слободата на медиумите - 3 мај, со Пет + минути громогласна тишина, од 11.55 до 12.00 часот и во централните информативни емисии во електронски-те медиуми, да ги опоменат власта, работодавците и јавноста на зачестените кршења на темелните човекови, работни и професионални права на новина-рите и медиумските работници во Република Македонија. Во Македонија новинарите често се изложени на застрашување, зака-ни и уцени, но и на тешки малтретирања. Новинарите сеуште се спречуваат да ја вршат својата професионална обврска, да известуваат.
  Повеќе
|
|
ЗНМ-Трибина
|
|
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 25 февруари 2004 година во Клубот на пратениците одржа трибина на тема:
style="MARGIN-LEFT: 7.1pt; TEXT-INDENT: -1.6pt; TEXT-ALIGN: center" align=center>style="FONT-FAMILY: Macedonian Tms">“Различностите во новинарското известување во врска со донесувањето на Законот за основање државен универзитет во Тетово”
  Повеќе
|
|
|

|

|

|